Македонија 30. декември 2020. / 10:54

Нападите кон Мицкоски како алатка за да се прикрие расколот во СДСМ и обвинувањата за криминал кон Заев

Нападите кон Мицкоски како алатка за да се прикрие расколот во СДСМ и обвинувањата за криминал кон Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се почесто е предмет на брутална хајка, со извртени изјави од скапо платени медиуми и центри под контрола на СДСМ кои имаат за цел да го сокријат расколот во партијата.

Постојано сум мета на валкана кампања диригирана од СДСМ, па ако сум толку небитен зошто тогаш ме атакуваат, зошто знаат дека со мене нема договор за криминал, рече Мицкоски во вчерашната емисија „Прашањето ми е следно“.

Тој потенцираше дека веќе неколку години, а последната година интензивно е мета на медиумски напади кон него и неговото семејство, што доволно кажува за тоа каква власт ја води Република Македонија изминатите речиси четири години.

Атакот доаѓа во период кога рејтингот на Зоран Заев и неговите министри е во пад, особено по сите афери што се случија во првите сто дена од старо-новата влада.

Вето од Бугарија и ЕУ, рекордите по смртност од корона, укинувањето на историјата, пропаѓањето на банка, влегувањето во рецесија… Сите овие работи се случија за само три месеци и практично немаше ден без некој скандал.

Но, дури ни Телма не може да ги скрие катасторфалните резултати на владата во првите 100 дена. 35 проценти од испитаниците ја оцениле работата на владада со единица.

Затоа задачата на власта е да го прикаже Мицкоски дека има низок рејтинг, а всушност оние на кои им паѓа поддршката кај граѓаните се Заев и министерот за здравство Венко Филипче и вицепремиерот Никола Димитров.

Очигледно е дека Заев полека се дистанцира од довчерашниот шеф на дипломатијата Димитров. Ова особено доаѓа по непочнувањето на преговори со ЕУ, иако токму тие двајца неколкупати се пофалија дека датум сме добиле и дека преговорите само што не почнале.

Дополнително, Димитров дискретно е тргнат од преговорите со Бугарија и наместо него, сега со Софија преговара Владо Бучковски.

Покрај Димитров, пад на довербата кај граѓаните има и министерот за здравство Филипче.

 

Ако на почетокот на коронаа кризата тој не се симнуваше од телевизија и изигруваше и портпарол и министер и лекар, сега него воопшто и да го нема во медиумите. А како и да го има, кога Македонија не се симнува од врвот на починати и на заразени од корона, а наместо да обезбеди вакцина чека милостина од Бугарија да им даде од тие што ќе останат.

Затоа преку анкети сакаат да се спаси она што може да се спаси, бидејќи револтот кај граѓаните е огромен. Но, делата секогаш се посилни од бројките, посебно ако се штелувани како во примерот со Телма.

Но, и внатре во паријата се погласни се членовите коишто застанаа во одбарана на поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски кој го замрзна членството во партијата по скандалозното интервју на Заев за БГНЕС и побара одговороност од него.