Министерството за внатрешни работи го повика на разговор главниот и одговорен уредник на Економски Лидер, Љупчо Златев, поради објавувањето на снимката за генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.
Распитот ќе биде утре, а Златев на Фејсбук порача дека нема да биде замолчен. Тој го повика МВР да го гони криминалот, а не оние кои го откриваат истиот.
– Наместо да го гони криминалот, полицијата одлучи да ги гони оние кои го откриваат криминалот.
МВР ме повика на распит затоа што ја објавив снимката на која се слуша како генсекот на владата Драги Рашковски договара тендери и провизии.
Распитот ќе се обави утре.
НЕМА ДА МЕ ЗАМОЛЧИТЕ! – напиша Златев на Фејсбук.
Инаку Економски Лидер објави снимка на која се слуша како генсекот Рашковски договара тендер за М-Нав.