Македонија 13. ноември 2018. / 14:47

Наместо да го обвини Спасовски, Шекеринска го обвини судот за бегството на Груевски

Наместо да го обвини Спасовски, Шекеринска го обвини судот за бегството на Груевски

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, наместо во министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, го впери прстот кон Судот кој не се решил да одреди притвор за Никола Груевски, напоменувајќи дека таа мерка се одредува и за многу поситни дела.

– Одредени судски инстанци одлучуваат за притвор и за многу поситни дела, а како по прашањето на „бомбите“ и по прашањето на одговорност на сите овие злоупотреби, тешко се одлучуваат за притвор. Не можеме како Влада да се мешаме во судската власт. Со право ќе бевме критикувани ако МВР реагираше пред да има официјален налог. А, сега треба судството да истражи. Зошто за овие лица тешко одредуваа притвор, а веќе им избегаа одредени луѓе, и зошто им требаше три дена за налогот од Суд да стигне во МВР? – праша Шекеринска.

Инаку Груевски имаше обезбедување од МВР 24 часа, 7 дена во неделата. Оттука се поставува прашањето како министерството не знаело каде е Груевски.