Македонија 05. септември 2017. / 15:01

Најдовска: Во Новаци привршува легализацијата, а со тоа се отвораат можности луѓето да градат и инвестираат легално

Најдовска: Во Новаци привршува легализацијата, а со тоа се отвораат можности луѓето да градат и инвестираат легално

Иако општина Новаци претежно е рурална средина, сепак согласно законот за урбанизам и просторно уредување и законот за градење и иако се работеше за една не урбана општина со слаба покриеност Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи напор да направи законски измени со кои урбанистичките планови за селата имаат некои олеснети процедури кои придонесуваат пократки рокови и покрај тоа се вратија во сила општите акти и на тој начин го премостивме периодот до донесување на урбанистички план до донесување на законот, изјави на денешната панел дискусија службеничката за легализација од општина Новаци Лилјана Најдовска.

-Имаме досега изработено 17 акти, а во постапка се донесување на урбанистички планови за неколку села во општината. Општината има 41 село, меѓутоа голем дел се наоѓаат во мариовскиот крај кои што е слабо населен, меѓутоа во рамничарскиот дел се завршува легализацијата и со тоа се отвораат можности за луѓето да градат и да инвестираат легално и да бидат сопственици на она што го вложуваат, потенцираше Најдовска.

Таа вели дека една голема придобивка е законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени градби, односно законот за легализација со кои луѓето се стекнаа со документи за нивните градби.