Професорката Мирјана Најчевска предупредува дека идејата за „мини Шенген“ за која викендов се одржа Самит во Охрид наликува на „стапица од која тешко ќе се извлечеме ако еднаш се фатиме.
Јас сум против оваа идеа. Ми личи на стапица од која тешко ќе се извлечеме ако еднаш се фатиме. Ова е посебен облик на изолација кој од овие простори ќе направи резерват.Мислам дека во моментов во ЕУ има доста кратковиди политичари кои не разбираат дека е ова исто како да имаш отворена рана која постојано гнои.Едно е воспоставување на добрососедски односи а друго е да те сведат во комуникацијата на твоите соседи. Ова многу ми личи на инклузијата на децата со попреченост која се практикува во Македонија изминативе децении. Велат постои инклузија затоа што посебните училишта за децата со попреченост се дел од образовниот систем. Не. Се додека децата со попреченост одат во посебни училишта тоа не е инклузија. Исто и со влезот во ЕУ на државите од овие простори, напиша Најчевска.
ж