Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, најави денеска дека во април 2021 година, кога ќе истече неговиот мандат, лидерот на СДСМ ќе биде избран за првпат на непосредно внатрепартиско гласање.
Тоа треба да биде клучен чекор во внатрешна демократизација на партијата и нешто што со години го бара меѓународниот фактор од партиите во земјата, кои надвор па и дома беа гледани како „султан партии“ чии лидери ги избираат внатрешните органи.