Македонија 05. јуни 2019. / 20:58

Над 1000 родители потпишале дека нема да ги вакцинираат децата со МРП – им се заканува казна од 500 евра

Над 1000 родители потпишале дека нема да ги вакцинираат децата со МРП – им се заканува казна од 500 евра

Од почетокот на епидемијата на морбили до сега, 1.100 родители потпишале изјава дека нема да дозволат нивните деца да примаат вакцина, информираат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Овие родители ќе бидат повикани во ДСЗИ каде ќе може да платат казна од околу 500 евра, а ако не го сторат тоа ќе им бидат поднесени прекршочни пријави и ќе завршат на суд.

Досега овие случаи ретко завршуваа на суд, но поради епидемијата на морбили здравствените власти почнаа поажурно да постапуваат. Се организираа и теренско вакцинирање по училиштата, а родителите кои не сакаа нивното дете да прими вакцини мораа да потпишат изјава.