Македонија 02. февруари 2021. / 15:05

Национален младински совет: Марихуаната треба да се легализира во целата држава

Национален младински совет: Марихуаната треба да се легализира во целата држава

Бојан Петровски, претседател на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), за „Слободен Печат“, изјави дека нивниот став е дека е потребна декриминализација и легализација на канабисот за рекреативна употреба.

Според претседателот на НМСМ, декриминализацијата е најмногу нужна бидејќи многу млади го користат канабисот само за свои цели, а не за да се впуштаат во криминални активности.

– Многу млади луѓе кривично одговараат за поседување на многу мала количина канабис, кој е само за лична употреба, додава Петровски.

На прашањето што мисли за најавата на властите легализацијата да започне од туристичките места, Петровски одговори оти е подобро тоа да се случи во цела држава.

– Со легализацијата по примерот на многу светски земји докажано се намалува криминалот. Мислам дека тоа треба да се случи во цела држава. Со тоа ќе се спречи и монополизацијата на пазарот, нагласи Петровски.