Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пред насобраната толпа на протестот против неправдите кои власта на Зоран Заев ги нанесе на Македонија истакна дека разбира зошто кај власта се јавува нервоза од тоа што, како што кажа, народот е кренат на нозе и веќе свесен за тоа што се случува.
– Кај народот има искуство за луѓето кои ни ја водат државата. И нема да поминат никакви дефокусирања со измислени теми. А денес протестираме затоа што неправдата станува неподносливо секојдневие. И затоа што се виде зошто Заев се бореше толку за закон за обвинителство со кој се надева бомбите да не важат. Но ако се премолчи и ова тогаш чуму судство и обвинителство. А обвинитеството и судството не смее повеќе да молчи за убвањето на правдата – порача Мицкоски.
Тој ги упати барањата до институциите:
Прво, покренување на истрага за злоупотреба на службенатаа должност од страна на Зоран Заев кој се меша во обвинителски постапки, и одлуки на Врховниот суд. И тоа истрага од тим на обвинители кои нема да ги одбере Рускоска, поточно Заев, туку обвинители во кои ќе има доверба експертската јавност како гаранција за непристрасност и независност. Мора да има обвинение по кое Заев ќе одговара за попречување на правдата.
Второ, согласно Уставот, Врховниот суд на Република Македонија е највисок суд во Републиката и го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите. Кога врвот во судството не ви чини, тогаш надоле е труло. Кога во врвот слушаме дека се диктирале одлуки од премиерот значи дека правдата целосно затаила. Затоа бараме итна и неодложна ревизија на работата на Врховните судии без исклучок и ревизија на нивите одлуки. Таму каде ќе бидат утврдени неправилности потребно е оставки и одговорност пред законите.
Трето, итна реформа на Советот за реформи во правосудството што ќе значи времено суспендирање на секаква негова активност поради контаминираноста на неговата работа и барање на меѓународна експертска помош во реализција на реформите.
Очекуваме реакција, и тоа брза ракција, а доколку ја нема, народот е тука и веќе добро знае што треба да направи и каков одговор да следи на 12ти април. Затоа во оваа држава под власт на правдоубиецот Заев ниту една работа не е на прав пат, но по вакви злодела, по вакви неправди и брутални грабежи, треба да знаат и тој и таквите како него, и тој и тие кои слугуваат, како и сите други кои ќе се огрешат, прав е патот само до затворот Идризово – истакна Мицкоски.