Македонија 05. април 2019. / 18:50

На прес на СДСМ се појави девојче од ВМРО-ДПМНЕ и се случи нешто несекојдневно

На прес на СДСМ се појави девојче од ВМРО-ДПМНЕ и се случи нешто несекојдневно

Политиката најчесто знае да прави поделби, барем тоа можеме да го сфатиме од случувањата особено во нашата држава. Но, понекогаш може да се случи и нешто обратно.

Социјалдеморатскиот сојуз на Македонија на својот Фејсбук профил објави видео од портпаролот на партијата, Костадин Костадинов, кој пред штаб на ВМРО-ДПМНЕ даваше изјава.

Во тој момент помина активистка од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, која му подари програма на Костадинов, а потоа му порача и да направат една селфи фотографија. Понудата веднаш беше прифатена.

Во коментари за оваа случка може да се прочитаат само позитивни коментари, а слободно може да се каже и дека вакво нешто ретко се гледа – браво за двајцата.