На лидерската средба која ќе се одржи вечерва, лидерите на најголемите партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ќе разговараат и за одржување на предвремени парламентарни избори.
Предвремените избори на агенда ги стави ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што сметаат, катастрофалната политичка и економска ситуација во државата налага смена на власта по одржување на предвремени избори.
Откако работните групи на партиите не можеа да најдат заеднички јазик, освен избори, лидерите ќе се обидат да најдат и решение за Законот за јавно обвинителство, со кој се регулира и судбината на Специјалното јавно обвинителство.
За потсетување, СЈО наместо да ја оправда довербата кај граѓаните, и да ја врати стабилноста на судството во Македонија, токму Катица Јанева, првата дама на обвинителството, е под истрага за најголемата корупциска афера „Рекет“.
Лидерската средба ќе се одржи во Собранието со почеток во 20 часот. Средбата ќе се одржи во формат еден плус четири.