Македонија 13. ноември 2018. / 18:50

МВР: Унгарското МВР потврди дека Груевски е во Будимпешта

МВР: Унгарското МВР потврди дека Груевски е во Будимпешта

Унгарското Министерство за Внатрешни Работи потврди дека поранешниот премиер Никола Груевски се наоѓа во Будимпешта, стои во соопштението на МВР.

По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание, се наоѓа во Република Унгарија, соопштија од МВР.

„Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил. Министерството за внатрешни работи го информира Основниот суд Скопје 1, по што Судот треба да издаде решение за распишување на меѓународна потерница за осуденото лице Никола Груевски“, стои во соопштението на МВР