МВР објави дека се регистрирани два случаи со фотографирање на ливчињата на претседателските избори денеска.
Во градинката Срничка во Аеродром во Скопје, 36-годишен маж бил фатен како го фотографира ливчето, по што бил приведен и ќе следи пријава.
На гласачкото место 1515 во Кривогаштани, истот така било фатено лице како го фотографирало ливчето.
Се превземаат мерки за настанот.
Во 6 часот и 11 минути било пријавено дека во Дрита, Рашче, била оштетена влезната врата на училиштето.
– Секој обид за нарушување ќе биде санкциониран, велат од МВР денеска на прес-конференција.