Македонија 23. декември 2019. / 11:00

МВР го потврди нападот врз Тони Трајковски

МВР го потврди нападот врз Тони Трајковски

МВР денеска го потврди нападот врз екс градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.

На 22 овој месец околу 23.35  часот Т.Т. пријавил дека во Скопје на пешачка патека во близина на болница по претходна вербална расправија со две лица, бил физички нападнат од нив – соопшти МВР.

Се работи на расветлување на случајот.