Македонија 28. јуни 2019. / 21:12

Момироски: Мега скандалот во владата ќе биде објавен вечерва

Момироски: Мега скандалот во владата ќе биде објавен вечерва

За жал неофицијалните информации кои подолго време ги добивам а кои укажуваа дека постојат сериозни индиции за направен криминал во државен проект вреден огромна сума евра се потврдија, пишува Горан Момировски за Експрес.

Транскриптите од материјалот кои што ми е доставени попладнево од за мене непознато лице популарно наречен свиркач, наведуваат на сериозен сомнеж дека висок владини функционер договарал зделка за која ниту имал ингеренции ниту експертиза.

Направената штета за Македонија, финансиска и за имиџот е огромна. Експертите од различни сфери кои што ги консултирам се едногласни во ставот дека секој материјал до кој ќе дојде новинар треба да биде јавно објавен ако во него се содржат индиции за кривични дела направени од јавни функционери.

Правните експерти кои ги толкуваат европските правила за приматот на јавниот интерес пред личните права на приватност на јавните или државни функционери велат дека новинарот не смее да се повлече пред обврската јавноста да дознае за индиции за криминал на функционери и други политички субјекти.

Оваа обврска е особено голема ако во материјалите до кои новинарот има пристап има сериозни укажувања за корупција а во исто време нема видиливи знаци на монтажа (едитирање) со цел да се смени суштината на искажаното.

Во случајот кој ќе биде објавен вечерва во 20 часот се работи за еден од најважните и најмоќни луѓе во државниот апарат.

Целиот текст на Горан Момироски за Експрес можете да го прочитате ТУКА.