Македонија ќе мора да заборави на постоењето на македонското малцинство во Бугарија, ќе мора да заборави на „македoнски јазик“ и да употребува само „службен јазик на РСМ“, ќе мора брзо да ја заврши работата со експертската комисија за историските прашања… ако сака да продолжи со преговорите за интеграција со ЕУ. Ова се само делови од Изјавата на Бугарија во врска со усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ за проширување.
Во разговорот за МКД.мк Никола Димитров, министерот за надворешни работи на Македонија вели дека „никогаш нема да прифатиме вметнување на антиевропски билатерални услови што навлегуваат во македонскиот идентитет во преговарачката рамка за пристапување кон европското семејство“.
Оваа Изјава на Република Бугарија, која МКД.мк ексклузивно ја објавува, стана дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ и датумот за преговори за Македонија и Албанија. Со ова Бугарија го условува одржувањето на меѓувладината конференција за конечното дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите на Македонија и Албанија.
Целиот текст на Мкд.мк.