Македонија 12. декември 2020. / 14:38

Мизерија во 100 дена – единствен проект на владата на СДСМ е проектот „Рецесија“

Мизерија во 100 дена – единствен проект на владата на СДСМ е проектот „Рецесија“

Најлошите економски резултати на земјава досега со оваа Влада со која во овој период пред четири „почна животот“, не само што не однесе повторно во рецесија подлабока од рецесијата во 2001 година, туку и на исто ниво со сиромаштијата во време на транзицијата од 90 –тите години. За сите овие периоди во кои македонскиот народ трпи за леб, а сиромаштијата е огрома, имаат едно нешто заедничко, на власт е СДСМ, пишува Курир.

Во првите години од транзицијата наглото зголемување на степенот на невработеност која во 1997 година достигнува 36% , додека во 2001 година пост воениот период таа е скоро 36-37%. Оваа година иако ДЗС забележува невработеност од 16,5% , високи над 155,000 лица се невработени, плус на тоа бројката од над 55 илјади граѓани кои ја изгубиле својата работа или добиле отказ заради корона кризата и неликвидноста на фирмите работодавачи.

Во 2001 година македонската економија се намалила за 10 % , додека во 2002 година нашата економија иако пост конфликтен период доживува дури реален пораст од 0,9% на БДП, далеку над сегашниот пад од -6% во првите три квартали од годинава, со што земјава е на дното на листата на земји по економската активност. Падот на Бруто домашниот производ во вториот квартал беше втор најголем во Европа. Додека за првите три квартали од 2020 година падот на БДП од скоро 6% е четврт најголем од европските земји.

Поминаа и 100-те дена од старо-новата влада во кои според Програмата на СДСМ требаше да се реализираат неколку клучни проекти и тоа токму за раздвижување на економските текови. Првиот проект кој не е реализан е проектот „ITF – investment task force“, според кој за секоја позначајна капитална инвестиција ќе се вклучат домашни и странски бизнис-лидери/менаџери, што ќе бидат платени по исполнување на таргети за реализација на инвестицијата. Тоа не се случи во овие 100 дена од Владата напротив Владата има катастрофална реализација на капиталните расходи која до 31.12.2020 година изнесува само 48%, што значи историски најниска реазлизација на капиталните трошења па биле потрошени 151 милион евра од план од 310 милиони евра.

Во однос на ветувањата на Владата за привлекување на странски инвестиции кои требаше да влезат во земјава, а беа неколку пати лажжно најавувани од премиерот Зоран Заев, де Фејбук требаше да влезе, де Гугл, де 10 други странски фабрики во рок од два месеци, но тоа не се случи. Па затоа во третиот квартал од 2020 година вкупните директни инвестиции во земјава бележат нето-одлив од 5,4 милиони евра како резултат на намалената реинвестирана добивка за 37,7 милиони евра. Од јануари месец до септември месец 2020 година нето одливите се скоро 120 милиони евра, што значи дека не само што пари не влегле во земјава туку и се одлеваат, а Владата со неприбавување нови инвеститори предизвика дури и намалување на инвестициите со тоа што ги раскина договорите на потенцијални инвеститори.

Иако експерти од ММФ укажуваат дека дури и со социјално дистанцирање можно е да се ипорача висок раст на јавните инвестиции, доколку Владата се насочеше кон реализирање и оставрување проекти како долго ветуваниот гасовод на пример или пак изградбата на застанатите автопати, но и планирање на нови проекти, истото не се случи во овие 100 дена. Веројатно со оваа влада ништо нема ни да се изради, а тој тренд на намалување ќе продолжи и во 2021 година.

Проблеми има и со индустриското производство кое во периодот јануари – октомври 2020 година, во однос на периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 88.7, односно пад од 11,3%. Падот продолжува и во четвртиот квартал од 2020 година односно во октомври 2020 година каде падот на индустриското производство изнесува 5,2%

По анализата на невладината Фајненс тинк во која анализираат за економските реперкусии кои и во одредена мера се предизвикани од корона кризата, заклучуваат во нивното истражување дека половина милион жители во земјава живеат со по 2 евра на ден. А според податоците на ДЗС во октомври 2020 година речиси пола милион граѓани односно 455,600 лица во земјава тонат во сиромаштија. Податок кој е фрапантен, но и не потсетува на најмалку веќе три пати најголема сиромаштија во земјава, под власт на СДСМ.

Премиерот Заев иако најавуваше неколку пати во минатото дека следната година ќе биде економска година, тоа не се случи ни во 2018, ни во 2019 година, а најмалку во овие 100 дена граѓаните видоа реализирање на проекти кои ќе бидат клучни за да му помогнат на реалниот сектор, напротив компаниите се оставени безмалку сами на себе. Се до сега во овие 100 дена беа делумно направени половични проекти за пи-ар на Владата кои не донеса никакво економско подобрување,истото е видливо во споредба на параметрите.

Ако Владата во догледно време не почне да реализира проекти кои ќе значат раздвижување на економските текови, а со тоа и раст на економијата тешко Македонија да доживее пораст на економијата ни во 2022 година според проценките на НБРМ, па по тоа сиромаштијата и невработеноста само ќе растат.