Ова е македонски протест,оваа борба се вика Македонија, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски од протестите во Скопје.
Позади оваа институција е МНР каде треба да ги штити македонски национални интереси, сега немаат одговор за мак идентитет и македонската историја. Гледате дека целата влада е скриена, оти оставено е се на Зоран Заев да распродава. Во петок ќе протестираме во 20 града. ВМРО ДПМНЕ треба да биде со народот. Затоа да не се предаваме, остануваме сите заедно, додека не победи Македонија, изјави Мисајловски.