Македонија 30. септември 2018. / 16:19

Мисајловски нема да гласа на референдумот: Македонија се буди – народот не може да се излаже

Мисајловски нема да гласа на референдумот: Македонија се буди – народот не може да се излаже

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски потврди дека нема да гласа на референдумот и вели дека манипулативно поставеното референдумско прасање придонесува апстиненцијата да е негов избор.

– Македонија се буди, народот не може да се излаже, ниту потцени. На маса имаме штетен договор со кој се сака да се преименува нашата држава и се губи идентитетот. Јас тоа нема да го легитимирам и затоа одлучив да не излезам на референдумот. ВМРО-ДПМНЕ останува со народот низ сите битки и премрежја. Денес Македонија ќе победи, изјави Мисајловски.