Македонија 13. јануари 2021. / 09:29

Милошоски: Преговорите со Бугарија наликуваат на приватни пазарења меѓу Заев и Борисов

Милошоски: Преговорите со Бугарија наликуваат на приватни пазарења меѓу Заев и Борисов

На својот Фејсбук профил, претседателот на собраниската комисија за надворешни работи Антонио Милошоски, ги повика шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот Никола Димитров да се појават во Собранието и да го презентираат Анексот од Бугарија кој го најави Красимир Каракачанов.

– И се додека за македонско-бугарските преговори се одбегнува институционална расправа во Собранието, се повеќе истите ќе наликуваат на приватни пазарења на Заев со Борисов, на Бујар со Захариева или на Димитров со Каракачанов, напиша Милошоски на својот профил.

Tој дури им понуди и да изберат термин во периодот од 15 до 29 јануари.

Според Милошоски, јавноста има право да знае што власта преговара со Бугарија и оти после Василица крајно време е да паднат маските.

 

Време е да паднат маските после Василица❗

📌Во изминативе неколку месеци разговорите на релација Софија-Скопје станаа…

Posted by Antonio Miloshoski on Tuesday, January 12, 2021