Пратеникот oд ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски, најави интерпелација за вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
Тој на социјалните мрежи му порача дека е време за оставка. Милошоски вели дека Димитров лажел дека имаме датум за ЕУ, дека не чувствувал одговорност и дека не се појавил на Комисијата за надворешна политика.
-Министре Димитров, што од кого зависи ќе видиме кога ќе ни дојдеш во Собрание на интерпелација со маска, со шал, со дистанца, со се. Интерпелацијата можеш да ја избегнеш единствено ако во меѓувреме си поднесеш оставка, но за тоа е пресудно дали ти е побитен политичкиот морал, или политичката фотелја, смета Милошоски.
Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров синоќа во гостување на телевизија Телма изјави дека не е точно дека македонската страна молчи на провокациите и навредите од Бугарија.