Додека новата власт протестираше против претходната, приоритети беа правната држава, слободата, солидарноста, а сега истите ги променија, смета професорот Владимир Милчин во гостување во дебатна емисија на Ал Џезира.
Спорд Милчин огромен број луѓе кои протестираа на улиците тогаш, сега се разочарани. Тој смета дека наместо новата власт да ги исполни ветувањата од времето кога била опозиција, сега се соочуваме со корупцијата, клиентелизам и непотизам.
Тој истакна дека има некои специфики кога станува збор за Македонија, со оглед на тоа што пред многу кратко време државата го промени името во Република Северна Македонија, што предизвика жестоки реакции, иако постои консензус во земјава околу македонската перспектива во НАТО и ЕУ.