Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот Твитер профил, одговори на метафората со пандорината кутија кажана од премиерот Зоран Заев, кога премиерот се обиде да одговори на амандманите предложени од Алијансата на Албанците и Беса.
Кога Заев веќе се служи со термини прозлезени од артефакти врзани за грчката митологија треба да знае дека пандорината кутија не се шири, туку се отвора. Едноставно е. Исто како што има разлика помеѓу селективна и апсолутна правда, или пак помеѓу уценети и неуценети.
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) October 30, 2018