Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервју за „Република“ откри дека премиерот Зоран Заев, на средбата во Берлин ги молел европските политичари да не објавуваат дека Македонија нема да добие датум за преговори.
– Еве утрово добив информација дека последното патување во Берлин, после она фијаско, оној ладен туш, имало друга цел – да ги замоли европските политичари да не објават дека нема да добие Македонија датум за преговори, за да можат, веднаш по изборите на 5 мај, да обвинат дека ВМРО-ДПМНЕ било виновно за тоа. Тоа е една по малку комична и театрална епизода која што ја имал таму. Додека сите политичари се борат за иднината на нивната земја, овој се бори да го обвини ВМРО-ДПМНЕ. Ќе видиме, ајде. Нека помине времето да видиме како ќе се развиваат овие работи. – рече Мицкоски.
Целото интервју може да го прочитате ТУКА.