Македонија 24. февруари 2020. / 14:24

Мицкоски најави протест со кој ќе се побара одговорност за криминалите на Заев

Мицкоски најави протест со кој ќе се побара одговорност за криминалите на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на граѓански протест чија цел ќе биде да се испрати порака дека мора да има одговорност за криминалите во Македонија.

Како што посочи Мицкоски, протестот ќе се одржи во вторник со почеток во 18 часот. Маршот ќе почне од пред зградата на обвинителството на кејот на Вардар по што ќе се оди до Врховниот суд.

Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, од сите националности и убедувања. Ова не е протест само на ВМРО ДПМНЕ туку на сите граѓани кои знаат дека главната кочница е Заев. Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите и дека Заев е виновен! Одговорност за главата на октоподот која не може да се сокрие. Но, и порака за чуварите на неправдите на Заев, обвинителството и Врховниот суд. Оваа држава која почива на правдата, на нашата борба за независност и слобода, на почитувањата на правото, во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска, наша должност и задача – истакна Мицкоски.