По аудио бомбата која во неделата беше објавена, а на која јасно се слуша како лидерот на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев зборува дека без него ништо не може, ни судство, ни обвинителство денеска ВМРО-ДПМНЕ излезе на улица. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, коментирајќи ги актуелните случувања, бомбите, рекет и слично, посочи дека и при една ваква поставеност на работите,Заев се осудува да маршира на улиците за правда.
Овој истиот Заев одовде, на маршот кој го правеше им порача на судиите не се плашете од Мицковски. Јас би рекол познато ни е дека овој човек не знае што зборува и е непресушен извор на гафови ама замислете судиите да не се плашеле од мене, и ова ги предупредува човеков што е на власт три години и владее брутално, човекот кој викаше дека Младенов бил убиен, а за децата на Смилковско има други убијци и така се додека не ги ослободи, човекот кој Диво Насеље го спореди со игра камај и ги остава терористите да се гоштеваат по затворите како да се холивудски звезди, човекот кој слава стекнуваше на страшното убиство на Нешковски за да после да се слика со убиецот и да го пушти да избега. Таков ли монструм ќе објаснува на судот да не се плаши од мене, кој цел живот со книга и пот го градев и се пробивав. Единствен што треба да се плаши е тој и оние малкумина советници и слуги кои му слугуваат. Зашто многу се огреши. А во животот има карма ние ја викаме Божја промисла. И се се враќа, се се плаќа.
Кој одговараше овие три години, по годините кампања кои ги водеше Зоран Заев, тортура на државата? Одговорот е ниту еден. Не докажа ниту еден криминал, а премногу криминали се амнестираа. И да бидам прецизен и јасен, и сакам јасно да разбијам една лага која ја шират медиумските слуги на власта, јас сум за апсолутна правда, и сакам јасно да подвлечам, многу јасно да соопштам дека не сме сите исти. Различни сме, и тоа многу сме различни. Не сме сите исти, затоа што ниту денес, а ниту утре кога граѓаните ќе ни дадат мандат нема на памет да ми падне да се мешам во судската власт. Ниту да попречам правда за било кого, било да е член на ВМРО или СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците или некој друг. Ама ќе има одговорност, тоа мора да има. И еве тука седам пред вас неколку илјади, а и тие што во домовите, ви ветувам, одговорност за криминалите мора да има, без разлика кој каде кога и како го сторил, рече Мицкоски.