Македонија 12. ноември 2018. / 10:24

Мицкоски за Курир: Македонија го живее своето најцрно време

Мицкоски за Курир: Македонија го живее своето најцрно време

За прашањето за името, за економската состојба, најавените зголемувања на даноците, реалните проблеми на граѓаните, нерасчистените убиства и секојдневните афери кои ја тресат државата, Курир разговараше со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски во интервјуто нагласува дека судството во државата е задушено со политика, обвинителството со притисоци, се менува името на државата, а криминалот цвета. Власта неспособна да го реши загадениот воздух започна да го дели народот на посиромашни и богати.

На прашањето за даночната реформа со која се најавија зголемувања на даноците Мицкоски вели:

„Знаете има катастрофална лоша економска слика, има криминал кој цвета, се краде на ангро, Владата прави криминални иновации, крвави тендери кои завршуваат во приватни џебови и се тоа тоа треба да се плати, и тие сакаат да го наплатат од џебот на граѓаните.“

Целосното интервју со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски може да го прочитате на КУРИР.