Македонија 20. јуни 2019. / 22:10

Мицкоски: Втора година по ред Заев ги лаже граѓаните за добивање на датум за преговори со ЕУ

Мицкоски: Втора година по ред Заев ги лаже граѓаните за добивање на датум за преговори со ЕУ

Во емисијата „Клан дебата“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски кој посочи дека оваа влада втора година по ред ги лаже граѓаните за добивање на датум за преговори со ЕУ. Македонските граѓани се навикнаа во овие нешто повеќе од две години влада која што ја предводи СДСМ и Зоран Заев да имаме континуирано не говорење на вистината, се обидуваат преку одредени пи ар стратегии да поткреваат очекувања во јавноста. Но знаете кога ќе ги поткревате очекувањата во јавноста и кога тие очекувања немаат реална основа потоа следат големи разочарување, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека токму тоа не е добро се губи оптимизам кај граѓаните. И кога граѓаните ќе го изгубат оптимизмот следен чекор е да ја напуштат Македонија. Минатата година имаше популарно наречено „селфи“ од нашиот премиер г. Зоран Заев заедно со неговите соработници, таму беа ако не се лажам г. Анѓушев, г. Османи, г. Димитров итн. Кога брутално, грубо се сликаа и го објавија и рекоа дека Македонија ќе добие датум за преговори.

Потоа истиот тој човек во парламентот збореше дека советот си ја завршил својата работа и дека советот никогаш повеќе нема да се навраќа назад да и доделува на Македонија датум за отпочнување на преговори. Се случија веселби потоа кога се трошеа народни пари, стотици илјади евра на даночните плаќачи на Република Македонија, панаѓурски прослави низ плоштадите на земјата, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека моментално Македонија не е ниту во чекалницата и е засрамена поради лагите на Заев.