Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва гостува во емисијата Отворено на 1Тв.
Мицкоски се соменва како надлежните институции не знаеле каде се движел поранешниот премиер Никола Груевски, бидејќи станува збор за лице кое што е осудено на две години затвор.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговорноста за бегството на Груевски ја насочи кон премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој ги повика нив да престанат со ова реално шоу и конечно да се дојде до финалната епизода и да се разреши случајот со бегството.
Мицкоски наведе дека немал никакви индиции дека Груевски ќе замине и охрабри истрагата да продолжи.