Ние остануваме на ставот дека ако остане законот и методологијата вакви какви што се ќе ги повикаме граѓаните против попишување, ние сме против, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ние сметаме дека овој начин на попишување е крајно штетен за мнозинската зедница, Македонците. Треба да се престане со принципот Македонците да се чувствуваат граѓани од втор ред во својата држава. Денес, ако прошетате и ако поразговарате со нив тоа преовладува, тоа го има и кај анкетите, рече Мицкоски на гостувањето на телевзија Алфа одговарајќи на прашањето што доколку власта реши да оди на попис без согласност на опозицијата.
Мицкоски укажа на фактот дека сега има конструктивна опозиција.
Сега е прашањето дали имаме доволно конструктивна влада, бидејќи се констатира дека има конструктивна опозиција, дека ВМРО-ДПМНЕ настапува конструктивно. Ние понудивме помош и за преговорите со ЕУ. За датумот за преговори со ЕУ сакам да сум оптимист, ние како опозиција ќе дадеме се. Се ќе сторам за граѓаните да бидат поблиску, но најголем дел го дава Владата, а оваа деструктивна Влада одзема време, посочи Мицкоски.