Македонија 26. октомври 2018. / 19:40

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ отвора ново поглавје – ќе бидеме поцврсти

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ отвора ново поглавје – ќе бидеме поцврсти

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервју за МКД.мк кажа дека партијата отвора ново поглавје, со нови лица и напомена дека јавноста треба повеќе да гледа што се случува со државата, со падот на економијата, отколку со тоа што се случува внатрешно во најголемата опозициска партија.

Мицкоски истакна дека одлуките што ги донесоа ќе го направат ВМРО-ДПМНЕ поцврсто.

Едноставно некогаш треба и да се направат неколку чекори поназад за да потоа се направат големи исчекори нанапред. Оние 8 пратеници кои гласаа за уставните измени, и структурите од партијата кои решија да им помогнат, односно да се стават на располагање на целите зацртани од власта длабоко ме разочараа, пред сѐ затоа што го разочараа народот и интересите на граѓаните. Плурализмот на мислења е посакуван, и никогаш не ми паднало на ум да дистанцирам кој било поради различно мислење. Јас го стимулирам тоа. Но, она што се случи во петокот има сосема различна и поинаква димензија- рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека со Никола Груевски нема никаков контакт веќе подолго време.

– Со Никола Груевски немам никаков контакт веќе подолго време. По денешната информација за негово упатување на издржување на затворска казна сакам да се видам со него, да поразговарам и да видиме како може да помогнеме против овој политички прогон што се случува – рече Мицкоски и додаде дека случајот „Тенк“ е класичен политички прогон.

Целото интервју на Мицкоски прочитајте го ТУКА.