Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски соопшти дека Македонија е на крстопат, а ова се најзначајни моменти за државата.Оние кои велат дека ова исчекор во тој правец е бришење на идентитетот, пасошите, личните карти. Влада ги сруши сите позиции на Македонија неповратно.
Македонија е во тешка и деликатна ситуација водена од луѓе водени од лични интереси, немаат чуство како да управуваат со авионот, адолесценти на чело на државата. Влада која нема никакви резултати, економско фијаско, нема напредок, милионски тендери, државни пари кои завршуваат во џебовите на министри и функционери…
Во земјава има лов за јавно искажан збор, што овозможи состојба на цензура и самоцензура.
ВМРО-ДПМНЕ е за членство во НАТО и ЕУ, тоа се нашите пријатели и партнери. Македонија не смее да има пат поинаков од членство во тие организации.
Тој го повика членството, симпатизерите на партијата и граѓаните на Македонија: секој граѓанин да постапи според сопственото убедување. Секоја индивидуа ќе донесе одлука која е најдобра за семејството и Македонија. Нема партиите да одлучуваат. Нацијата ќе одлучи, на таа одлука ние ќе се поклониме и тоа е тоа.
Затоа се занимаваат во внатрепартиските работи на ВМРО-ДПМНЕ, дефокусирачки од главните теми за државата
Нас Македонија ни е во интерес и никој друг. Има работи кои сте подготвени да платите висока цена, но има работи за кои не сте подготвени да платите никаква цена.
Еден од клучните проблеми во преговорите е што Зоран Заев хазардерски ветуваше и нема моќ да ги исполни и ја доведе државата, граѓаните и меѓународната задница во тешка состојба.Го менува ставот за измени на Уставот и идентитетот.
Договорот со Грција не го прифаќаме, затоа што е надвор од нашите приницпи, остануваме на ставот дека против договорот, против промена на Уставот и националниот идентитет, патните исправи, личните документи, промената на историјата нашиот јужен сосед ќе го искористи да ја блокира нашата евроатланска интеграција
Тоа јас не можам да го правам, губиме се.Кампањата што ја водат нема ништо за договорот за името, има за ЕУ и НАТО, прават забуна.И по референдумот ќе има државни тендери за министрите.Заев ќе продолжи да лаже и краде, што значи не зависи од договорот, туку кој ја води државата.Меркел рече дека освен договорот, има и други услови кои треба да се исполнат, а тие ЗАев и владата не може да ги испорача.
Промена на уставното име не е прашање на Мицкоски и Заев, на меѓупартиски договори, тоа е надпартиско прашање порача Мицкоски вечерва.
Тој го повика Зоран Заев на ТВ дуел за Договорот со Грција, но и за други прашања од интерес на граѓаните.