Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека убедувањата на власта дека со влезот на ЕУ ќе има бесплатно здравство се маипулативни.
Тој во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 истакна дека освен бесплатното здравство, лага е и дека доколку велземе во ЕУ ќе има бесплатно образование.
Го слушавме премиерот како вели дека 75 проценти од граѓаните ќе го поддржеле договорот. Ако е тоа така, чуму потребата од ваква масовна, атактна за сите сетила, манипулативна кампања. Ние не гласаме за бесплатно здравство во Европската Унија, ние гласаме за еден ден да бидеме дел од ЕУ и да направиме супер модерна болница во Македонија, каде ќе можат граѓаните без разлика на нивниот етнички состав, да ги имаат истите услови како што ги имаат граѓаните во ЕУ. Ние не гласаме за бесплатно образование во ЕУ, кое патем речено се лага. Ниту има бесплатно здравство, ниту има бесплатно образование- кажа Мицкоски.
Тој додаде дека кога ќе влеземе во ЕУ, треба да направиме супер модерен универзитет, кој ќе биде рангиран во ТОП 100 на Шангајската листа.
Ставот на владата е лажен и манипулативен и има една цел, да ги измами граѓаните што е основна карактерна особина на оваа влада- нагласи Мицкоски.