Македонија 23. декември 2020. / 23:50

Мицкоски: Владата е фатена во лага – во Финска „Историја“ е задолжителен предмет

Мицкоски: Владата е фатена во лага – во Финска „Историја“ е задолжителен предмет

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа Фејсбук истакна дека Владата е фатена во лага.

Тој објави реакција од Македонско-Финско здружени и рече дека во Финска „Историја“ е задолжителен предмет за сите ученици во основно и во средно училиште.

-Во основата на новата наставна програма во Финска значењето на историјата и историските вештини се уште повеќе засилени и зацврстени, напиша Мицкоски.

Владата е фатена во лага.

Во Финска историја е задолжителен предмет за сите ученици во основно и во средно училиште….

Posted by Hristijan Mickoski on Среда, 23 декември 2020

Во реакцијата на здружението се вели дека министерката Мила Царовска во обид да го маскира, како што го нарекуваат, тајниот договор, се повикува на моделот на образовниот систем во Финска.

Тие добиле одговор од Финскиот одбор за образование во кој се вели:

„Во Финска „Историја“ е задолжителен предмет за сите ученици во основно и во средно училиште. Во основата на новата наставна програма во Финска знаењето на историја и историските вештини се уште повеќе засилени и зацврстени“.

Според одговорот кој е објавен од здружението – Историјата е база во која се гради визија за иднината.