Македонија 06. декември 2019. / 21:09

Мицкоски: Вистината за Македонија не е раскошот во Лондон, туку суровиот живот во Волково

Мицкоски: Вистината за Македонија не е раскошот во Лондон, туку суровиот живот во Волково

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ѝ верува на баба Перса. Суровиот живот во Волково е ситината која излегува на површина, вели Мицкоски споделувајќи ја снимката од вчерашната средба на баба Перса со премиерот во заминување и градоначалникот во Ѓорче Петров, кои ја обвинија за политичка местенка.

Погледнете го видеото кое кажува голема вистина. Во годината која требаше да биде економска, во која Заев тврдеше дека блескаме, во која Владата со народни пари секојдневно нуди розеви очила, и не убедува дека само тие постојат, се случи тресок и враќање во реалноста. Вистината за Македонија не е раскошот во Лондон, туку суровиот живот во Волково. Вистината излегува на површина. И кога ќе му го кажете ова на Премиерот, тој обвинува дека лажете, арно ама вистината не се крие. Жителите на Волково ја демонтираа розевата слика на Заев, а во позадина во реалноста има тежок живот. Работите кои ги говорам на моите настапи се истите оние кои го мачат реалниот човек и тие кои мора заеднички да ги смениме. Ќе донесеме надеж и обнова за секој еден човек. Тоа е нашата обврска – пишува Мицкоски на Фејсбук.