Македонија 07. март 2019. / 20:20

Мицкоски: Спремен сум прв да ми го испитаат потеклото на имотот, а истото да се направи и со Заев

Мицкоски: Спремен сум прв да ми го испитаат потеклото на имотот, а истото да се направи и со Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е гостин на ТВ Алфа во емисијата ,,Отворено” каде се разговараше за актуелната политичка ситуација во државава.

-Ние имаме 28 години порази во оваа држава. Ајде да ги лустрираме сите политичари, ајде да го провериме имотот. Ајде нека почнат од мене, јас сум година и половина претседател, речиси на најголемата опозициона партија, лидер на опозицијата, претходно сум бил директор на АД ЕЛЕМ, сум бил дел од кабинетот на тогашните премиери, еве нека почнат од мене, од имотот мој, од имотот на моето семејство и нека завршат со имотот на Зоран Заев. Нека завршат со имотите на сите поранешни политичари. Па да видиме зошто луѓето се комотни или не се комотни, ајде да видиме за сите процеси во минатото, да ги отвориме и да ги дискутираме. Зошто да дискутираме за бомбите од 2007 до 2015? Зошто да имаме селективна правда, истакна Мицкоски.