Македонија 26. септември 2018. / 16:45

Мицкоски: Со менувањето на името, ќе дојде и до редефинирање на државата со што Македонија ќе стане бинационална творба

Мицкоски: Со менувањето на името, ќе дојде и до редефинирање на државата со што Македонија ќе стане бинационална творба

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски во интервјуто за „Независен“ изјави дека со најавените уставни измени, покрај менувањето на името, ќе дојде и до редефинирање на државата со што Македонија ќе стане бинационална творба. Покрај тоа, изразува сомнеж дека премиерот Заев договорил нова бенефиција за албанската заедница во пресрет на претседателските избори.

Повторува дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е непроменлив: тие се против договорот со Грција, но остава секој од граѓаните да размисли како ќе постапи., Мицкоски вели дека потпретседателот Митко Јанчев делува согласно нивната стратегија, а не против него лично. Уверен е дека тие што ќе апстинираат и тие што ќе гласаат „против“ договорот со Грција ќе бидат побројни од оние што ќе гласаат „за“, целото интервју на Христијан Мицкоски за „Независен“ може да го прочитате ТУКА.