Македонија 07. March 2019. / 20:35

Мицкоски: Секогаш кога СДСМ не знае што да одговори, ја префрла топката кај Спасовски кој нема капацитет

Мицкоски: Секогаш кога СДСМ не знае што да одговори, ја префрла топката кај Спасовски кој нема капацитет

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше гостин на ТВ Алфа во емисијата ,,Отворено” каде се разговараше за актуелната политичка ситуација во државава.

Кога СДСМ не знае што да одговори, ја префрла топката кај Оливер Спасовски кој вели дека „МВР ќе испита“. така беше за многу криминали во минатото, па и сега за овој помалку комичен дел од гостувањето на Пендаровски во тоа интервју, каде изјави дека бил следен од странски служби блиски до некоја опозициона партија.

Ако претендира да биде консензуален кандидат Пендаровски треба да каже која е таа партија и која е таа служба која го следи.

Јака му душа на Оливер Спасовски со сите овие небулози и префрлања на топката во неговиот двор, не знам како може да ги реши имајќи ги предвид неговите капацитети. Но ако прифатил да биде тепихот по кој што ќе се буткаат сите небулози во државата, тоа е негов избор и нема да се мешам ниту да сугерирам, додаде Мицкоски.