Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Романија во Република Македонија, Виорел Станила, се наведува во партиското соопштение.
На средбата беше разговарано за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, како и стратешките и реформските процеси кои се од големо значење за државата.
Претседателот Мицкоски изрази голема загриженост за лошата економската состојба во која се наоѓаат граѓаните и посочи дека поради неспособноста на актуелната влада на Зоран Заев и СДСМ да обезбеди економски раст и капитални инвестиции, граѓаните на Република Македонија живеат во сиромаштија.
– Имаме работа со влада која работи преку измами, затоа граѓаните се чувствуваат разочарани од општествено политичката состојба. – истакна Мицкоски кој посочи дека отсуствуваат и клучните реформи значајни за европската агенда на земјава.
Мицкоски и Станила разменија мислења за натамошно унапредување и зајакнување на меѓусебната соработка меѓу двете држави кои што се од взаемен интерес.