Македонија 11. септември 2019. / 13:17

Мицкоски: СДСМ шири лаги од епски размери – Заев не сакаше да се постигне договор

Мицкоски: СДСМ шири лаги од епски размери – Заев не сакаше да се постигне договор

Лаги од епски размери, ги нарече вестите кои владејачката СДСМ ги пласира по лидерската средба, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој на денешната прес-конференција кажа дека СДСМ изнесе лаги, бидејќи се до гуша во корупција и криминал, па се обидуваат на секој начин да се спасат од ситуацијата.

Мицкоски кажа дека вистина е дека вчера главната борба на премиерот Зоран Заев била да се заштити тој, фамилијата и луѓето од влста од криминалите. Заев сакал да ја задржи секоја контрола врз Обвинителството за да не одговара за криминалните афери, како случајот „Рекет“.

Заев намерно не сакал да постигне договор зошто имал план предметите од СЈО да ги пренесе во ЈО, заедно со луѓето кои се таму вработени.

Според Мицкоски прифатливо е опозицијата да го предложи првиот човек на новото Обвинителство, но не е прифатливо дека тој предлог не е задолжителен за премиерот. Односно ако власта не го прифати предлогот на опозицијата за првиот човек на Обвинителството, тогаш Советот на ЈО треба да избере обвинител од редовите на сегашните обвинители во СЈО. Тоа е неприфатливо за опозицијата, бидејќи на власта не им одговара никој предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

– Одговорност ќе има. – порача Мицкоски.