Македонија 24. септември 2018. / 10:00

Мицкоски: Сакам Македонија да ја оставиме подобра, исправена и горда на нашите деца!

Мицкоски: Сакам Македонија да ја оставиме подобра, исправена и горда на нашите деца!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, уште еднаш порача да не се прифаќа како што го нарекува капитулантскиот Договор со Грција, затоа што според него, тој е против интересите на државата.

Мицкоски на својот Твитер налог порача дека на иднината сака да ја остави Македонија подобра, исправена и горда.

„Јас ја сакам Македонија онаква каква што ја наследивме од нашите предци и сакам да ја оставиме на нашите деца онаква каква што ја заслужуваат, подобра, исправена и горда!, напиша Мицкоски.