Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за МТВ 2 потенцираше дека доколку се погледне кои лица седеа до Бојан Јовановски, веднаш станува јасно се за случајот „Рекет“.
Мицкоски посочи дека околу Боки 13 него постојано беа лица од владејачката СДСМ.
– Погледајте ги кои се се луѓето кои што седат позади Бојан Јовановски на основачкото собрание на Меѓународниот сојуз онаа невладина организација и се ќе ви стане јасно. Погледајте кој е почесен претседател на таа невладина организација и повторно ќе добиете потврда на она што сте си го одговориле при првото прашање и не треба човек да е премногу голем мозок или да има да има некакви други поинакви способности да заклучи дека релацијата е многу покомплексна во овој октопод и не се завршува на овие три притворени лица Бојан Јовановски, Зоран Милевски и Катица Јанева туку октоподот може да дојде богами и до лица кои што се во врхушката на власт. – истакна Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека многу веројатно да ова не е единствениот „Рекет “ туку дека ќе има продолжение во „Рекет 2 “,„Рекет 3 “,„Рекет 4 “ и така натаму.