Македонија 26. август 2018. / 17:49

Мицкоски: Разговараме со младите за нивните реални проблеми и за нивно решавање

Мицкоски: Разговараме со младите за нивните реални проблеми и за нивно решавање

Денеска на покана во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, претседадтелот на партијата, Христијан Мицкоски го посети Лесновскиот манастир.

Тој на средбата разговараше со младите, но и со жителите на Пробиштип и на Злетово околу политичката и економската состојба во државата, како и за проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Оваа активност е дел од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, „Лето за Македонија“.

„Ќе можеме да поразговараме отворено на многу теми, ќе можеме да разговараме за младите што е она што е нивен реален проблем, што е она што ние како политичка партија ќе можеме да го понудиме во иднина кога ќе ја формираме новата влада на Република Македонија. Но, истовремено неизбежен дел од овие наши средби ќе бидат и средбите со локалното население. Знаеме дека Пробиштип е рударски, но исто така има голем дел од населението кое се бави со земјоделие, а гледаме дека земјоделието во последно време е на колена благодарение на нереализираните ветувања и лажните ветувања од страна на владата на СДСМ и Зоран Заев“, изјави Мицкоски.

Според него од средбите може да се извлечат искуствата кои што се поврзани со реалните проблеми на македонските земјоделци, а тоа ќе допринесе за подготовка на програмата за следните партиски кампањи, но и предвремени или редовни парламентарни избори, со цел да можат да понудат соодветни решенија за тие проблеми.

Мицкоски на новинарско прашање, повторно го потврди ставот на партијата, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од парите за кампања за реферндумот и апелира до влдата средствата да се пренаменат за реконструкција и изградба на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.