Коментирајќи ги настаните за „27 април“ лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кажа дека казните се драконски и однапред одредени. Тој нагласи дека групното судење е неприфатливо.
ВМРО-ДПМНЕ се за суштински реформи во судството, а не за фингирани, констатира Мицкоски.
За седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, премиерот Зоран Заев кажа дека менаџментот на спикерот Талат Џафери го направи своето. Тој лично смета дека трабало да биде одземен имунитетот на поранешниот претседател на Собранието.
Заев побара Мицкоски да го осуди насилството на „27 април“. Лидерот на опозицијата повтори дека веќе го осудил насилството и претходно, а истото го повтори и сега. Мицкоски освен насилствата го осуди и чинот што го предизвика тоа насислтво.
Припадниците на Исламската држава се со помали казни од луѓето осудени за „27 април“, констатира Мицкоски.