Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предлага Обвинителите од СЈО да се вратат во матичните обвинителства но претходно да се истражи дали се поврзани со предметот „Рекет“ .
Mицкоски нагласи дека е потребна детална истрага за евентуална нивна поврзаност со случајот Рекет, со осомничените од тој случај кои се во притвор, но и со псевдонимите за кои јавноста има сознанија дека се дел од врхушката на СДСМ .
–Потребна е детална проверка на сите помошници односно соработници на Катица Јанева по оваа проверка тие можат да конкурираат како и сите други обвинители за новото Обвинителство – изјави Мицкоски на прес конференција.
Тој предлага и сите предмети од СЈО од 2016 да ги преземе Републичкото Јавно Обвинителство во фаза во која што се, односно државниот Јавен Обвинител и истите да ги прераспредели согласно советите на експртската јавност онаму каде припаѓаат.
Запрашан за пораката на Рикер со која го повикува ВМРО ДПМНЕ да биде конструктивна во однос на Законот за Обвинителството, Мицкоски рече дека никаде во изјавата на Рикер не слушнал дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи овој текст што е предложен од страна на Владата.
–Ја покануваме Владата и експертите од Владата да престанат да играат политички игри да седнат да разговараат за предвремени избори и Закон за Јавно обвинителство – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
На прашањето дали со ова иницира лидерска средба тој рече дека лидерска средба е прифатлива доколку на неа се договори датум за предвремени избори, но и Закон за Јавно Обвинителство.