Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, откри дека идната недела пратеничката група на на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива во рамките на Собранието за предвремено ратификување на Протоколот за членство во НАТО со цел, како што рече, да не се протурка некакво одложување на изборите под изговор ратификувањето.
Мицкоски појасни дека тоа ќе биде по принципот како што тоа го направила Црна Гора што го ратификуваше протоколот пред тој да биде ратификуван во САД. Со предвременото ратификување на Протоколот, додава тој, ќе имаме одложено дејство кое што ќе биде полноправно и оној момент кога сите останати 29 членки ќе ја завршат процедурата.
– Ајде да видиме дали пратеничката група на СДСМ, дали Зоран Заев се плашат од катастрофата што ќе им се случи на 12-ти април и свесни се дека ништо не направија овие три години. Или пак навистина сакаат да Македонија да биде членка во НАТО алијансата и еден ден да бидеме дел од ЕУ. Следната недела пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива во рамките на Собранието за предвремено ратификување на Протоколот и со тоа предвремено ратификување на Протоколот ќе имаме одложено дејство кое што ќе биде полноправно и оној момент кога сите останати 29 членки ќе ја завршат таа процедура по принципот на тоа што го направи Црна Гора во минатото. Односно го ратификуваше протоколот пред и официјално Американскиот Конгрес и Сенат да ја завршат процедурата, рече Мицкоски.