Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати по галсањето во Собранието.
Тој истакна дека по гласањето, ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржале вонреден состанок и одлучиле да ги исклучато од партијата пратениците кои гласаа за пристапување кон промена на уставното име.
Од партијата веднаш се исклучени 7-те пратеници, односно: Крсто Мукоски, Елизабета Канчевска-Милевска, Емилија Александрова, Љубен Арнудов, Зекир Рамчимовиќ, Нола Исмајловска Старова и Сашо Василевски.
Тие ги предадоа граѓаните, кои јасно порачаа на референдумот дека за името не се преговара, и ја предадоа ВМРО-ДПМНЕ која донесе став да не се гласа за промена на Уставот.