Предмалку заврши првиот дел од лидерската средба што ја свика претседателот Стево Пендаровски, каде со партиските лидери се разговорало за усвојување на декларација со која ќе се потврдат заложбите за евроинтегративниот пат. Сите лидери биле согласни тоа да се поддржи.
Според информациите на Република, претседтелот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побарал од лидерите да се реагира на декларацијата на бугарската влада, во која се вели, меѓу другото, „не смее да се споменуваат македонскиот јазик и бугарскиот фашистички окупатор“.
Начелно на тоа се согласиле останатите лидери.
Во вториот дел ќе се договара датумот за предвремените парламентарни избори.