Македонија 19. ноември 2019. / 22:20

Мицкоски по одлуката за домашен притвор на Јанева: Правда ќе има и таа ќе важи за сите

Мицкоски по одлуката за домашен притвор на Јанева: Правда ќе има и таа ќе важи за сите

Реакција на ослободување на Kатица Jанева од истражниот затвор во домашен притвор следеше и од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Зоран Заев вети дека ќе го отвори судството како пупка…секој ден гледаме на што мислел.Што е со инспираторот за Рекет, или тука на неколкумина ќе запре се? Што е со парите од куферот, што е со предупредувањето до обвинетите дека се пријавени, што е со многу прашања на кои јавноста нема одговори. Многу поминавме уште малку остана. Правда ќе има и таа ќе важи за сите. Доаѓаат и одговорите на дилемите. Обновата доаѓа! – напиша Мицкоски на Фејсбук.