Во денешната емисија „Клик Плус“ гостуваше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека Пендаровски зема премногу улога како портпарол на премиерот Зоран Заев, коментирајќи го чинот што не го поканија како лидер на опозиција на годишното обраќање на Претседателот на државата.
–Минатата година бев присутен , предминатата бев присутен, добро оваа година не се канеле. Еве оваа година не се канеле. За инагурацијата исто не се канеа. Навистина не ја разбирам оваа политика, поранешни претседатели се канат ли? Еве поранешните претседатели, Бранко Црвенковски, Ѓорѓи Иванов, што не ги поканиле нив? Еве ајде лидерот на опозицијата неважен е, небитен е – истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ако него не го поканеле, зошто барем поранешните претседатели на државата не ги поканиле, тие биле претседатели на Македонија. Кај пишува тоа кој како се кани, се уште не е јасно.
–Проблемот е во тоа што луѓето се трудат колку е можно повеќе да избегаат од мене затоа што се исплашени. Тоа е најголемиот проблем. И вие кога ќе се сретнете со тој човек и кога ќе разговарате, тој ќе ви рече дека е доволно далеку и доволно блиску и од владата и од опозицијата. А, во суштина не е така, човекот се уште не излегол од чевлите на човекот како портпарол на СДСМ. Вие не можете да го игнорирате лидерот на опозицијата, не е битно дали е по протокол. Протоколот вие го правите. Еве минатата година кој го правеше протоколот – запраша Мицкоски.
Мицкоски образложи дека минатата и предминатата година бил присутен на годишните обраќања на претседателот, а оваа година не бил повикан. Сето ова се празни објаснувања од страна на претседателот и власта кои ги има по медиумите.